26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШтрајкуваат работниците во една од фабриките на Foxconn

Штрајкуваат работниците во една од фабриките на Foxconn

fox fab

Според неколку извори, меѓу кои и организацијата „China Labor Watch“, барем 1000 работници започнале штрајк во фабриката на „Foxconn“ во градот Чонгкинг на западот на Кина.

Работниците бараат поголеми плати и подобри услови за работа. Причината за штрајкот е и одлуката на компанијата „Hewlett-Packard“ за намалување на нарачки од фабриката на „Foxconn“, како и постапките кои следеа од страна на раководството на „Foxconn“.

Најголемиот дел од платите на работниците доаѓаат за прекувремените работни часа, а раководството на „Foxconn“ по повлекувањето на нарачките на „HP“, одлучи значително да го редуцира бројот на прекувремените работни часа, што резултираше со значително помали плати на работниците.

По пат на редуцирањето на прекувремените работни часа, „Foxconn“ ќе настојува да ги принуди работниците сами да си поднесат оставка и да побараат помош од државата, што е подобро отколку компанијата сама на работниците да им даде отказ, затоа што во тој случај самата ќе мора да плаќа парични казни.

Ова не е прв штрајк поради ваквата пракса, затоа што веќе во текот на април оваа година во истата фабрика беше забележан штрајк на 800 работници. Новиот штрајк засега и натаму е во тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП