26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранцуското индустриско производство на стабилно ниво

Француското индустриско производство на стабилно ниво

francija14

Индустриското производство во Франција во август остана на стабилно ниво, по растот од 0,3 проценти во јули, додека аналитичарите за август во просек очекуваа пад од 0,2 проценти, соопшти францускиот Национален институт за статистика ИНСЕЕ.

Индексот на производната индустрија истовремено се намали за 0,2 проценти во однос на истиот период една година претходно, додека во споредба со претходните три месеци порасна за 0,6 проценти.

Сообраќајните средства во август забележале пад од 1,5 проценти, електронската опрема, информатиката и машините пад од 0,9 проценти, додека производството во прехрамбената индустрија е намалено за 1,0 процент.

Спротивно, раст е забележан во производството на кокос и нафта (+5,0 проценти), во секторот останати индустриски производи зебележан е раст од 0,3 проценти и во рударството раст од 0,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП