Американската рејтинг агенција „Standard & Poor’s – S&P“ го намали врвниот кредитен рејтинг на Финска за еден степен, поради влошените перспективи за економскиот раст на оваа земја.
Рејтингот на Финска е намален од оценката „ААА“, која претставува врвен рејтинг на „АА+“, пренесува агенцијата Франс прес.
„Намалувањето на рејтингот е одраз на нашиот став за зголемувањето на ризиците кои и се закануваат на финската економија поради проблемите во глобалната економија, нејзиниот клучен информатичко-технолошки сектор и демогравските тешкотии“, се наведува во соопштението на „S&P“.
Според оценките на американската агенција, Финска исто така е изложена на економските слабости од соседна Русија, но и на забавувањето на економските активности во еврозоната.