29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтаврески и Богов во Вашингтон на Годишни средби на ММФ и СБ

Ставрески и Богов во Вашингтон на Годишни средби на ММФ и СБ

annual meeting

Македонска делегација во чиј состав се вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и гувернерот на Народната банка на Македонија Димитар Богов од денеска учествува на редовните Годишни средби на Светска банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Во Вашингтон.

Како што соопшти Министерството за финансии, предвидено е вицепремиерот Ставрески да оствари средби со високи претставници на Светска банка, ММФ и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Ставрески ќе има состаноци со извршниот директор на Светска банка Френк Хемскерк, со потпретседателката Лаура Пак и со директорката за регионот и Македонија Елен Голдстајн.

Од ММФ вицепремиерот ќе се сретне со извршниот директор на Фондот Мено Шнел, заменик директорот за одделот Европа Филип Герсон и шефот на тимот за Македонија Ивана Владкова Холар.

За време на Годишните средби вицепремиерот Ставрески ќе има состаноци со високи претставници на ЕБОР како Жан Марк Петршип директор за Централна и Југоисточна Европа, на кои тема ќе бидат клучните проекти од патната и железничката инфраструктура и гасификацијата кои ги поддржува банката.

Есенските состаноци на ММФ и Светска банка се одржуваат секоја година. На нив учествуваат министри за финансии и гувернери на централните банки на земјите челнки на кои дидскутираат за актуелните случувања во светската економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП