19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи

zemjodelstvo-500hgfrd

Откупот и продажбата на земјоделските производи во август изнесува 1.214.562 илјади денари што претставува зголемување за 11,5 проценти во споредба со истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 39,9 проценти, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 0,1 процент.

Зголемување се забележува кај градинарските растенија, овошјето, алкохолните пијалаци, добитокот, живината и јајцата, млекото и млечните производи, а намалување има кај житата, индустриските и фуражните растенија, грозјето и рибата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП