20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрезентација на условите за водење бизнис пред американски компании во Далас

Презентација на условите за водење бизнис пред американски компании во Далас

peshevskimaknf;chhu3p8t

Владина делегација, предводена од вицепремиерот Владимир Пешевски, ќе ги презентира условите за инвестирање и водење бизнис во Република Македонија пред бизнис заедницата на Далас, Соединетите Американски Држави.

Како што соопшти кабинетот на вицепремиерот Пешевски, на бизнис форумот што ќе се одржи денеска, во 12:00 часот по локално време, ќе учествуваат претставници на голем број компании од областа на информатички технологии, финансиски и аутсорсинг услуги.

По завршувањето на форумот, делегацијата во чиј состав се и министрите за странски инвестиции Веле Самак и Џери Наумоф, извршниот директор на ДТИРЗ Виктор Мизо и економскиот промотер Васко Давидовски, ќе одржи и поединечни средби со раководството на низа компании, кои се заинтересирани за проширување на нивните капацитети во Европа.

Овој вид средби имаат за цел да им овозможат на претставниците на компаниите директно и детално да се запознаат со инвестициските можности и предности кои ги нуди Република Македонија, во однос на своите конкуренти на глобалниот пазар, се вели вос оопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП