19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAmazon отвора прва невиртуелна продавница

Amazon отвора прва невиртуелна продавница

amazon-B3

Најголемата онлајн продавница „Amazon“ има во план да ја отвори својата прва невиртуелна продавница во Њујорк спроти познатиот облакодер „Empire State Building“.

Продавницата ќе се наоѓа во 12-катна зграда на 34-тата улица, објави „Wall Street Journal“, повикувајќи се на свои добро информирани извори.

Во основа, продавницата главно ќе се користи како мал магацин во кој ќе може да се превземе стока на денот кој е закажан преку интернет страната на компанијата. Исто така таа ќе работи како дистрибутивен центар за курири. Не е исклучена можноста порано или подоцна тука да се продаваат и уреди на компанијата, како што се „Kindle“, смартфони и „TV“ плеери, наведува весникот.

Ако продавницата се покаже како успешна, во планот на компанијата е отворање на слични и во други градови во САД. Како што стои во вестта, „Amazon“ пред две години планираше во Сиетл да отвори своја продавница, но се откажаа поради слабата посетеност на областа каде што требало да биде продавницата.

Затоа првата невиртуелна продавница ќе биде спроти „Empire State Building“, зграда која годишно ја посетуваат 4.3 милиони луѓе, а продавницата за непрехрамбени производи „Macys“ која е во близина годишно привлекува 20 милиони посетители.

„Amazon“ е најголемата светска онлајн продавница, која продава стока и услуги преку интернет. Покрај САД, компанијата е присутна во Канада, Кина, Бразил, Јапонија и европските земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП