26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоднесени над 36 илјади барања за отпис на долгови, рокот истекува вo...

Поднесени над 36 илјади барања за отпис на долгови, рокот истекува вo понеделник

otpis dolgovi 222

Барања за еднократен отпис на долгови според владината мерка заклучно со вчерашниот ден поднеле 36.369 граѓани. Во понеделник завршува рокот за поднесување барања, а негово продолжување нема да има, информира денеска министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

Денеска е претпоследниот ден од рокот предвиден за поднесување барања. Очекуваме во понеделник да има исто така голем број граѓани кои ќе поднесат барање за еднократен отпис на долгови. Би сакал уште еднаш да потенцирам дека продолжување на рокот нема да има и заклучно со понеделник е последниот ден кој граѓаните можат да го искористат да дојдат до центрите за социјална работа да поднесат барање за еднократен отпис на долгови, рече

Спасов одговарајќи на новинарско прашање по потпишување Меморандум за соработка со три спортски федерации.

Тој потенцира дека сите оние кои ќе поднесат вакво барање конкретно да назначат во која категорија на граѓани припаѓаат, односно дали се приматели на социјална или постојана парична помош или невработени повеќе од 12 месеци, како и да го назначат долгот за кој бараат отпис со цел Комисијата поедноставно да може да постапува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП