20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААсани: Железничката станица во Скопје до мај со нов изглед

Асани: Железничката станица во Скопје до мај со нов изглед

zeleznicka

Железничката станица во Скопје најдоцна до мај следната година ќе добие нов лик. Проектот за реновирање на станицата ќе го подобри севкупниот квалитет на услуги за патниците и зголемување на техничките стандарди и капацитети на станицата, најави директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, при денешниот увид на градежните активности.

Проектот за реновирањето го изготви германската фирма „Гронтмеј“, а реализацијата ќе чини 2,9 милиони евра, обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите.

Железничката станица во Скопје, која беше пуштена во употреба пред 33 години, во тоа време претставуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Станицата низ која дневно поминуваа по 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за тоа време. Од тогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај, изјави Асани.

Во подобрување на квалитетот на услугите за патниците, посочи, акцентот е ставен на патниците со инвалидитет, намалена мобилност и специјални потреби.

Со проектот, информира, е предвидена изградба на два нови лифта за качување на патниците на пероните, нов лифт платформа за лица со инвалидитет и за патници со поголем багаж, подигнување на нивото на постоечките перони за 55 сантиметри, односно на ниво на платформата на вагонот. Ќе има нов информациски систем и систем за разглас, електронски систем за влез во станицата, приспособување на паркинг просторот, подобрување на осветлувањето и климатизацијара, изработка на специјални ребрасти патеки за слепите лица, како и звучни сигнали.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП