27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветски експерти на конференцијата PRilika 2014

Светски експерти на конференцијата PRilika 2014

PRilika-2014

Здружението за односи со јавност на Србија (ДСОЈ), на 7-ми и 8-ми ноември 2014, во театар „Звездара“ во Белград, ја организира шестата меѓународна конференција на тема “Комуникација на (с)цена”. Целта на годинешната конференција – PRilika 2014 е да понуди одговори на горливите прашања на професијата, како успешно да се соочи со промените и да одржи чекор со трендовите.

На годинешната конференција ДСОЈ ќе биде домаќин на реномирани говорници од Европа, Србија и регионот, вклучувајќи ги и трите водечки меѓународни комуникации експерти – Џереми Галбрајт, Пол Холмс и Доналд Стил.

Dzeremi Galbraith

Џереми Галбрајт (Dzeremi Galbraith) е генерален директор на компанијата Burson-Marsteller за Европа, Блискиот Исток и Африка, глобален директор за стратешки комуникации и член на глобалниот лидерски тим на оваа компанија за односи со јавност. Галбрајт и се приклучи на Burson-Marsteller во 1995 година, кога беше на чело на UK Public Affairs Practice, a потоа од 2000 до 2007 беше директор на Burson-Marsteller во Брисел. Пред тоа, беше заменик-генерален директор на водечката фирма за политички консалтинг – Westminister и директор на нејзината сестринска фирма во Брисел. Во 2012 година ја доби награда SABRE за извонредни индивидуални достигнувања во односите со јавноста, по што од страна на Sunday Times и Deberett’s беше именуван како еден од 500 највлијателни луѓе во Велика Британија. На конференцијата PRilika 2014 ќе зборува на тема “10 глобални комуникации трендови”

Paul Holmes

Пол Холмс (Paul Holmes) повеќе од 20 години пишува статии на тема – односи со јавност во Европа и САД, а во моментов е извршен директор на The Holmes Group и уредник на The Holmes report. Како уредник, Холмс пишува неделни билтени што се читаат од страна на повеќе од пет илјади професионалци во областа на односите со јавноста во повеќе од 40 земји. Холмс исто така е претседател на жирито за доделување на SABRE наградата, најголемиот светски натпревар за достигнувања во областа на односите со јавноста. На конференцијата PRilika 2014 ќе зборува на тема “Иднината е наша – победиле или изгубиле“.

Вториот ден од конференцијата ќе го обележи работилницата на Доналд Стил на тема “Кризната комуникација во ерата на социјалните медиуми”.

Donald Steel

Доналд Стил (Donald Steel) е експерт за  репутација, криза и управување со промени. Тој 11 години беше главен советник за комуникации на компанијата Би-Би-Си (BBC) во Лондон, а во моментов работи како консултант на голем број клиенти во Европа, на Балканот, Блискиот Исток и во Азиско-Пацифичкиот регион. За време на неговата кариера во Би-Би-Си се занимаваше со некои од најголемите медиумски приказни во последната деценија, од убиството на популарната британска ТВ презентерка Џил Дандо, терористичкиот напад врз телевизискиот центар на БиБиСи во Лондон, па се до киднапирање на новинари и уредници и други политички и дипломатски прашања. Стил е директор на Johnston Associates, специјализирана ПР агенција за услуги за авиокомпании со седиште во аеродромот Хитроу во Лондон.

Покрај овие говорници, учесниците на PRilika 2014 ќе бидат во можност да ги слушнат некои од најуспешните регионални и национални експерти од областа на комуникациите, како што се: Дамир Југо, декан на Edward Bernays школата за комуникациски менаџмент и член на управниот одбор на Хрватската агенција Millenium promocija, како и Миша Лукиќ – претседател на управниот одбор на Publicis Group Србија.

Во рамки на годинешната конференција под наслов “Комуникација на (с)цена”, планирано е да се презентираат и неколку студии на случај за компаниите NIS, Philip Morrris и IKEA, како и две панел дискусии и презентациja на разултатите на истражувањето European Communications Monitor 2014 за Србија.

Повеќе информации за конференцијата и звучници се достапни на веб-сајтот на ДСОЈ – http://pr.org.rs/.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП