26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВечерва се отвора Десеттото издание на Фестивалот на новиот германски филм

Вечерва се отвора Десеттото издание на Фестивалот на новиот германски филм

germanski film

Грижливо селектираните филмови кои ќе се прикажат на овогодинешното фестивалско издание на новиот германски филм ќе понудат жанровска разноврсност, но секако стандардизиран германски квалитет. Односно ќе биде понудена една избалансирана, разновидна филмска програма, која нуди деликатеси за сите целни групи – од најмлади до најстари…

Десет годишнината, се обележува денес во 19:00 часот на свеченото отворање на Фестивалот во Кино Милениум.

Оној кој што го следи фестивалот од самиот почеток, знае дека секој филм за овој фестивал е селектиран со германско внимание и дека нема случаен или залутан филм на кој што публиката би била сè освен не рамнодушна, а најчесто трогната, замислена и емотивно допрена.

И оваа година, сите претстави, освен свеченото отворање (Кино Милениум), ќе се прикажуваат во Кино Фросина, во рамките на МКЦ, со почеток во 19.00, 20.00 и 21.00 часот, како и викендот од 13.00 часот за проекциите наменети за најмладите во Кино Милениум, во периодот од 11 до 16 октомври. Репертоарот на овој фестивал изобилува со избор за сите вкусови, од филмови за најмладите, преку драмите до документарците во кои граѓаните на Скопје, заедно со Велес, Куманово, Штип, Тетово, Прилеп, Битола, Струмица, Кавадарци и Охрид, ќе можат да го проследат и десеттото издание.

Организаторите на Фестивалот, Германската Амбасада и ПроКредит Банкка ветуваат одлично филмско патување во Скопје од 10 – 16 октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП