26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија се бори со ненаплатливите кредити

Италија се бори со ненаплатливите кредити

kreditimoney5577454

Ненаплатливите кредити во италијанските банки се зголемени во август за 20 проценти на годишно ниво, соопшти Банката на Италија.

Тој резултат е малку подобар во однос на јули, кога обемот на лоши кредити порасна за 20,5 проценти, наведе италијанската централна банка, пренесува агенцијата АНСА.

Банката наведува дека кредитирањето во првитниот сектор во август е намалено. Кредитите одобрени на домаќинствата на годишно ниво се намалија за 0,8 проценти, а кредитите за претпријатијата за 3,8 проценти. Во јули кредитирањето на домаќинствата е намалено за 0,7 проценти, а комерцијалните кредити за 3,9 проценти.

Италија поминува низ третата рецесија од 2008 година, која доведе до раст на бројот на банкроти, невработеноста и закани од дефлација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП