28 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШојбле: Мојата земја не е во рецесија

Шојбле: Мојата земја не е во рецесија

shojble2133311

Министерот за финансии на Германија Волфганг Шојбле ги отфрли тврдењата дека неговата земја тоне во рецесија.

Шојбле повтори дека е против зголемувањето на јавната потрошувачка со цел поттикнување на закрепнувањето на економијата на еврозоната.

„Поголемиот економски раст нема да биде остварен со пишување на повеќе чекови“, изјави минитерот на маргините на Самитот на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, пренесува агенцијата Франс прес.

Шојбле ги повика Италија и Франција да спроведат структурни реформи и наведе дека е против дополнителното олабавување на монетарната политика од страна на Европската централна банка.

Германија, најголемата европска економија, е под притисок на ММФ но и некои членки на еврозоната да ја зголеми потрошувачката со цел спречување на економската стагнација во монетарната унија.

Во рамките на намалувањето на економските прогнози за Германија за оваа и наредната година, Шојбле ги отфрли стравувањата дека Германија тоне во рецесија.

„Нема рецесија во Германија, туку само намалување на економскиот раст“, изјави министерот, обвинувајќи ја за таквиот развој на ситуацијата, геополитичката ситуација во Украина и на Блискиот Исток, како и влијанието на проблемите во еврозоната на извозно ориентираната германска економија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП