29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмалку пет години инвестирање за квалитетно млеко

Најмалку пет години инвестирање за квалитетно млеко

млеко-2--1-

За да се промени начинот на производство на сурово млеко и да се достигнат европските стандарди, на фармерите им се потребни најмалку пет години континуирано инвестирање. Тоа не е случај само во Македонија, туку во сите земји во регионот, смета Златко Најдовски, директор на БиМилк.

Одговорајќи на новинарски прашања по денешната промоција на првото функционално свежо млеко „Баланс +“, Најдовски нагласи дека доколку веднаш почнеа да се применуваат правилниците за квалитет на сурово млеко, тогаш сигурно Македонија ќе останеше без суровина.

Кога има недостиг на млеко на пазарот, веднаш паѓа квалитетот. Млекарниците се борат да го откупат секој милиграм од фармерите. Затоа Битолска млекара континуирано инвестира во македонската млечна индустрија. Во последните неколку години увезовме 1.300 јуници од земји од Европската унија кои ги дадовме на наши партнери кооперанти. Само во последните неколку години на овој начин успеавме да го зголемиме откупот на сурово млеко за 30 проценти, соопшти Најдовски.

Моментно млекарницата има доволна количина млеко, но и натаму ќе продолжи со увоз на јуници за да го зголеми квалитетот на македонското млеко.

Иднината на македонската млечна индустрија се нови и иновативни производи како овој што го промовираме денеска, оцени директорот. „Баланс +“ е наменет за секој што правилно се храни и има активен животен стил. Содржи инулин, пробиотик кој го помага варењето, го забрзува метаболизмот и истовремено овозможува чувство на леснотија во организмот. Карактеристична е ниската масленост од само еден отсто и практичното пакување од 750 милилитри што дополнително го прават производот атрактивен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП