3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина влезе во фазата економска катастрофа

Украина влезе во фазата економска катастрофа

ukraina1sdfdsdsfdsgdgdgdg

Советникот на рускиот претседател за економски прашања Сергеј Глазјев изјави дека банкротот на Украина е речиси неизбежен поради падот на економскиот раст и се полошиот платен биланс.

„Платниот биланс и неговата динамика укажуваат дека Украина во блиска иднина нема да може сама да ги исполнува своите обврски, а се поставува прашањето кој ќе плати“, изјави Глазјев на конференцијата „Евроазиска економска интеграција“.

Тој додаде дека помошта која ја ветиле САД и ЕУ не е доволна да ги покрие дупките во платниот бланс и дека банкротот е неизбежен.

Глазјев изјави дека Украина веќе влегла во фазата економска катастрофа.

Според податоците на Евроазиската развојна банка, на Украина пред шест месеци и биле потребни 55 милијарди долари за стабилизација.

Меѓутоа, меѓународните институции му понудија на Киев само далеку помала сила од потребната и практично не и дале ништо, а украинската економија сега има потреба од најмалку 100 до 120 милијарди долари за да закрепне.

„Украина ја пропушти шансата кога стабилизацијата беше возможна и сега е во фаза на остар пад, каде за стабилизација и се потребни меѓу 100 и 120 милијарди долари“, изјави тој.

„Сосема е јасно дека без Русија и Царинската унија, Украина нема жанси да се врати на патот за одржлив развој“, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП