19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзвозот на Бугарија во ЕУ зголемен за 3,6 проценти

Извозот на Бугарија во ЕУ зголемен за 3,6 проценти

bugarijaizvoz15

Во периодот јануари-јули извозот на Бугарија во земјите од ЕУ е зголемен за 3,6 проценти во однос на истиот период од лани и достигна 15,2 милијарди лева (7,76 милијарди eвра), покажуваат првичните податоци на нугарскиот Национален институт за статиситика.

Како што јави БТА, во јули бугарскиот извоз во ЕУ се зголемил за 7,5 проценти во однос на истиот месец од 2013 година и изнесувал 2,6 милијарди лева (1,33 милијарди евра).

Увозот на Бугарија од ЕУ во периодот јануари-јули пораснал за 2,3 проценти во однос на истиот период лани и достигнал вредност од 17,7 милијарди лева (9,03 милијарди евра).

Најголем е обемот на увезени стоки од Германија, Италија, Романија, Грција и Шпанија.

Во јули увозот на Бугарија од земјите-членки на ЕУ е намален за 4,2 проценти во однос на истиот лански месец и доситгнал 2,7 милијарди лева (1,38 милијарди евра).

Надворешно трговскиот биланс на Бугарија со ЕУ во периодот јануари-јули бил негативен и изнесувал 2,5 милијарди лева (1,27 милијарди евра).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП