19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаботилница „Одбиј работа на црно“ во Кавадарци

Работилница „Одбиј работа на црно“ во Кавадарци

delovensostanok1

Класните раководители на матурантите, директорите, педагозите и психолозите од кавадаречките средни училишта денеска присуствуваа на работилницата „Одбиј работа на црно“.

Проектот го реализираат министерстватата за труд и социјална политика и за образование и наука, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Националната федерација на агенциите за привремени вработувања.

Целта на проектот е да се намали работата на црно и сивата економија. Меѓутоа секогаш кога станува збор за сузбивање на некоја општествено негативна појава, која паралелно е и криминогена мора активно да се вклучат сите засегнати општествени институции како од јавниот, така и од приватниот сектор, изјави Светлана Арсова од Агенција за привремени вработувања „Партнер“.

Таа нагласи дека во последниве години обемот на сивата економија е значително намален, што се должи на засилениот инспекциски надзор и инспекциските контроли на трудовите инспектори во државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП