26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Грција регистрирано мало намалување на невработеноста

Во Грција регистрирано мало намалување на невработеноста

grcijauvozizvoz6546454

Невработеноста во Грција во јули е намалена на 26,4 отсто во однос на 27,8 отсто истиот месец минатата година, покажуваат податоците на грчкиот завод за статистика.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, во јули годинава биле невработени еден милион 281 илјади и 686 Грци, што е намалување за 69.413 во однос на јули 2013 година и за 12.212 лица споредено со јуни 2014 година.

Невработеноста се уште е најголема меѓу младите на возраст од 15 до24 години, иако е намалена на 50,7 отсто од 58,2 проценти во јули 2013 година.

Процентот на невработени на возраст од 25 до 34 години изнесува 35,4, додека во истиот период лани тој изнесувал 36,1 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП