25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНова Телеком продавница во Градскиот трговски центар во Скопје

Нова Телеком продавница во Градскиот трговски центар во Скопје

t-home prodavnica

Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија денес отворија нова продавница во Скопје. Продавницата, која се наоѓа на приземје, во Градскиот трговски центар на површина од 210 метри квадратни, има седум работни единици и нуди мултимедијално искуство за корисниците.

Станува збор за нов концепт на продавници, со акцент на дигиталните комуникации на понудите, со многу „live“ демо уреди, кои ќе овозможуваат тестирање во живо.

t-home prodavnica1

Целта на концептот е преку интерактивно истражување и забава корисниците да се запознаат со телекомуникациските услуги и решенија на „T-Home“ и „T-Mobile“, што ќе им овозможи најлесно да го најдат најдоброто решение за нив. Продавници со истиот концепт се отворени во „City Mall“, „Capitol Mall“ и Велес.

На денот на отворањето, Т-Мобиле подготви промотивна понуда за сите посетители – „Samsung“ смартфони со 50% попуст, во „Play Comfort“ тарифа.

t-home prodavnica2

Продавницата ја отвори Андреас Маиерхофер, Главниот извршен директор на Македонски Телеком.

„Задоволството на корисниците е императив за нас, а новата продавница не само што ќе може да опслужува повеќе корисници, туку ќе им овозможи брзо и едноставно да го најдат токму тоа што им треба. Наша задача е да дадеме и дополнителна вредност за корисниците, а денешната понуда на „Samsung“ смартфони со 50% попуст е токму тоа. Продолжуваме во таа насока “  изјави Андреас Маиерхофер.

t-home prodavnica3

На денот на отворањето на продавницата, корисниците имаа можност да се дружат со македонските музички ѕвезди Калиопи и Владо Јаневски, кои беа специјални гости.

Оваа продавница е само уште еден чекор кон зацврстување на водечката позиција на најголемата и најдобра продажна мрежа на Македонски Телеком и Т-Мобиле Македонија, од 35 телеком продавници низ Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП