20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКои нешта ја саботираат вашата кариера

Кои нешта ја саботираат вашата кариера

solutions-to-10-career-problems-you-may-face

Луѓето често ја саботираат кариерата поради сопствена вина.

Доколку правите некои од доле наведените работи, луѓето околу вас ќе ве гледаат на погрешен начин и вашата кариера нема да тргне во посакуваниот правец.

Што мислат колегите за вас

Вие ја креирате јавната слика за вас. Не дозволувајте погрешно да ве протолкуваат и доживеат. Дури и погрешната положба на телото може да испрати погрешна порака – ако седите подгрбавени, другите околу вас тоа може да го протолкуваат како знак дека сте уморни и дека ви недостасува амбициозност.

Можеби другите го гледаат она што вие не го гледате

– Ако работниот стол ви е неуреден – неорганизирани сте.

– Ако не сте ги исчистиле чевлите – на посветувате внимание на детали.

– Ако му влезете на некого во збор – не слушате и ви недостасува трпение.

– Ако не водите сметка за сопствената хигиена – невешт сте.

Не сте тимски играч

Кога ќе станете член на успешен работен тим, ви се отвараат нови можности. Но, ако не сте тимски играч, можете да бидете означени како личност која не е подготвена да соработува.

Ви недостасуваат амбиции

Можеби не сакате да ризикувате. Можеби сте задоволни со вашиот статус. Можеби ви се допаѓа секојдневната рутина. Доколку не ризикувате и не прифатите нови предизвици нема да напредувате во кариерата.

Променете ги овие нешта доколку ги препознаете кај себеси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП