29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСеад Кочан и Драган Митковски со нови функции во ССК

Сеад Кочан и Драган Митковски со нови функции во ССК

Mitkovski i Kochan

На предлог на претседателот на Сојуз на стопански комори на Македонија (ССК), г-ѓа Данела Арсовска, управниот одбор на ССК, едногласно ги изгласа г. Сеад Кочан – заменик претседател на ССК и г. Драган Митковски – потпретседател одговорен за финансии во рамките на ССК.

Сеад Кочан, е претседател на Градежната комора во ССК, од 2009 година и сопственик на градежната компанија „Трансмет“.

„Ќе се залагам за зголемување на услугите на ССК, економски раст на компаниите, иницирање на законски измени, како и континуирано учество на комората во подготовка на Законски решенија и давање мислење на веќе постоечките Закони, во насока на подобрување на деловниот амбиент. Исто така, ќе продолжиме да работиме на зголемување на свеста кај компаниите за коморското здружување, бидејќи сметам дека тоа е единствен начин, практикуван и на светско ниво, за јакнење на бизнис заедницата“, изјави Кочан.

На иницијатива на Драган Митковски, во рамките на ССК, е формирана Комората на сметководители во 2009 година и тој е првиот претседател на оваа комора. Митковски е сопственик на компанијата „Митковски ММ“.

„Верувам дека успешно и со засилено темпо ќе ја продолжам работата, сега и на ниво на ССК. Како активен член во раководството на комората, свесен сум за одговорноста и поддршка која ми ја дадоа колегите. Продолжуваме со работните состаноци со државните институции и активно ќе работиме на вмрежување на сегашните, но и на новите членови кои ќе бидат дел од ССК. Во таа насока,  веќе отпочнавме со кампања низ градовите во Република Македонија за натамошно зголемување и зајакнување на членството во ССК“, вели Митковски.

ССК е најголема независна деловна организација во Македонија која ги промовира и застапува бизнис интересите на илјадници компании членови и ги поврзува со над 1000 национални, регионални и интернационални институции и организации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП