3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYahoo отпушта 400 работници во Индија

Yahoo отпушта 400 работници во Индија

Yahoo Reportedly Considering Laying Off Hundreds

Најголемата подружница на „Yahoo“ надвор од САД, односно онаа во Бангалор, Индија ќе помине низ реорганизација и „болни намалувања“ со цел да ги намали своите тршоци. Во рамките на овој процес ќе бидат отпуштени околу 400 инженери и програмери, а остатокот од вработените ќе биде организиран во помали тимови.

Се смета дека овој потег е дел од редукцијата на трошоци која консултанстската куќа „Starboard Value“ и ја советуваше на компанијата „Yahoo“.

„Yahoo“ во Бангалор минатата година имаше повеќе од 2.000 вработени, а потоа одреден број на вреботени беа преместени во седиштето на компанијата во Калифорнија.

Од „Yahoo“ само накусо ја известија јавноста дека „компанијата е на патот кон одржлив раст“ и дека бара начини да ја зголеми продуктивноста, соработката и иновацијата во сите делови од работењето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП