20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени прогнозите за економскиот раст на Германија

Намалени прогнозите за економскиот раст на Германија

german-flag-on-the-reichstag

Четири водечки германски економски институти ја намалија прогнозата за економскиот раст на Германија за оваа и наредната година.

Прогнозата е намалена со објаснување дека „темните облаци продолжуваат да ја надвисуваат најголемата европска економија“, пишува германскиот весник „Handelsblatt“.

Најновиот извештај на четирите германски институти, „IFO“ од Минхен, „DIW“ од Берлин, „RWI“ од Есен и „IWH“ од Хајл би требало да биде објавен утре, но германскиот весник „Handelsblatt“ прв дојде до копијата од овој извештај, пренесува агенцијата Франс прес.

Извештајот предвидува раст на Германија од само 1,3 проценти во 2014 година, наместо претходно прогнозираните 1,9 проценти, и раст од 1,2 проценти во 2015 година, наместо претходно прогнозираниот раст од 2,0 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП