26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРоманија повторно во рецесија

Романија повторно во рецесија

romanija54v5f4g5v4t

Економијата на Романија во вториот квартал повторно падна во рецесија, но тој пад беше помал од очекуваниот поради вклучувањето на нелегалните активности во пресметката на БДП.

Економската активност на Романија во вториот квартал забави за 0,9 проценти во однос на првиот квартал, иако Националниот институт за статистика (INS) прогнозираше пад на БДП од еден процент, пренесува агенцијата Франс прес.

„INS“ истовремено ги зголеми податоците за првиот квартал, наведувајќи дека економијата на Романија во тој период регистрирала негативен економски раст од 0,1 проценти наместо претходно сопштените 0,2 проценти.

Сепак, во првите шест месеци од оваа година, БДП на Романија порасна за 2,6 проценти во однос на истиот период минатата година, а за цела година владата прогнозира раст од 2,2 проценти.

Според најновите правилата на Европската унија, земјите членки оттсега се задолжени и нелегалниот дел од економијата, како трговијата со дрога и проституцијата, да ги пресметуваат во БДП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП