18 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Фајненшел тајмс“ : Во светот се создаде нова „голема седумка“

„Фајненшел тајмс“ : Во светот се создаде нова „голема седумка“

fajnenshltajms3543453

Во светот се формира нова „голема седумка“, која ја сочинуваат Бразил, Индија, Индонезија, Кина, Мексико, Русија и Турција.

Според вчера објавениот преглед на деловниот весник „Фајненшел тајмс“, оваа нова глобално силна седумка, според бруто домашниот производ, има подобри показатели на паритетот на куповната моќ на земјите од Големата седумка (Велика Британија, Германија, Италија, Канада, САД, Франција и Јапонија), пренесе ТАСС.

Заклучокот го направиле економските аналитичари на весникот, откако во вторникот го проучиле најновиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

Според документот, збирниот показател за БДП, според показателот паритет на куповната моќ, на „новата седумка“ изнесува 37,8 билиони долари, додека кај Г-7 тој достигнал едвај 34,5 билиони. долари.

Во индивидуалниот ранкинг за 2014 година Кина го зазема првото место според посочениот показател за БДП, со своите 17,6 билиони долари, спуштајќи ги САД на второто место со 17,4 билиони долари. Русија го зазема шестото место на оваа рејтинг листа, пред Франција и Велика Британија.

Според истражувањето на „Фајненшел тајмс“, податоците покажуваат неочекувани промени во балансот на силите на светската сцена.

Сега во првата дваесетка на рејтинг листата половината позиции ги заземаат земји со економии во забрзан развој, наведува лондонскиот весник.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП