25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип ќе се гради фабрика за индустриски ластик

Во Штип ќе се гради фабрика за индустриски ластик

stip fabrika

Турската компанија „Јагјемезлер“ која околу 10 години произведува текстилен материјал и шие фармерки и лесна конфекција, го шири своето производство во Штип.

Сопственикот Џунѓур Каја најави дека во овој град ќе отвори и фабрика за производство на индустриски ластик и оти дополнително ќе бидат вработени 100 лица.

„Во моментот пристигнаа 12 машини, а во првата фаза планирано е да пристигнат уште 38 машини за фабриката за производство на индустриски ластик со што за неполн месец во овој погон ќе имаме 50 машини и ќе почнеме со производството. Откако ќе се стават во функција првите 50, ќе се донесат и останатите 50 машини“, изјави Каја, додавајќи дека целото производство ќе биде за извоз.

Пристигнатите 12 машини чинат над еден милион долари, а вкупната инвестиција во новата фабрика и новите машини во останатите погони во фирмата изнесува околу 25 милиони долари.

„Верувајќи во политиката на оваа Влада, одлучивме повторно да инвестираме во Македонија. Планираме да направиме уште една инвестиција и во Гевгелија. И покрај економската криза, Македонија добро се носи со неа и токму тоа ни дава доверба да вложуваме“, нагласи Каја.

Тој додаде дека 340-те вработени во компанијата примаат солидна плата, која пред неколку месеци е зголемена со што работниците се мотивирани и е зголемено производството за 20 проценти.

Во Гевгелија, како што истакна Каја, е заинтересиран да отвори фабрика за производство на друг вид индустриски ластик.

Во кругот на поранешниот тектилен комбинат „Македонка“ во Штип , каде што се наоѓа фирмата „Јагјемезлер“, во тек е изградба и на пречистителна станица, која турскиот инвеститор се обрврза согласно законската регулатива и да ја изгради и стави во функција.

Веќе 90 проценти од изградбата е завршена и за 20-тина дена, како што најави Каја, ќе биде ставена во функција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП