28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLoreal го освојува бразилскиот пазар

Loreal го освојува бразилскиот пазар

loreal1

Бразилската филијала на францускиот козметички гигант „Loreal“ во периодот од 2007 до 2012 година двојно ја зголеми продажбата.

Компанијата во минатата година забележала раст на приходите од 13,3 проценти, на 700 милиони евра.

Во изминатата година пазарот за козметика во Бразил пораснал за 7,9 проценти во однос на 2012 година, пренесува францускиот весник Капитал.

На бразилскиот пазар, како и во Кина и Индија, овој светски козметички лидер се потпира на средната класа која доживува вистинска експанзија, наведува весникот.

За периодот 2010 до 2020 година бројот на жени во Бразил кои заработуваат помеѓу 800 и 2.300 евра месечно, според прогнозите на експертите, ќе се зголеми од 45 на 73 милиони, што е одличен податок за козметичката индустрија, истакна директорот на бразилскиот „Loreal“, Дидије Тисеран.

Тој додаде дека дамите во Бразил просечно во фризерски салон одат 18 пати годишно, се тушираат два пати дневно, ноктите ги средуваат еднаш неделно, а на улиците речиси и не може да се сретне обелена, небојадисана коса.

„Сакаме во Бразил да освоиме 50 милиони нови потрошувачи и така да ги надминеме Италија и Германија, со што Бразил ќе дојде на четвртото место според вредноста на приходите на компанијата, зад САД, Кина и Франција“, изјави Тисеран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП