26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАSWT Alumni Македонија ќе ја организира втората по ред Smart Up конференција

SWT Alumni Македонија ќе ја организира втората по ред Smart Up конференција

smart-up-trans-11

На 15 Октомври на Економски факултет во Скопје, SWT Alumni Македонија ќе ја организира втората по ред Smart Up конференција, чија основна цел е да ги мотивира и да го поттикне претприемачкиот дух на младите во Македонија. Настанот е поддржан од Амриканската амбасада во Македонија, Американската стопанска комора во Македонија, CEED Македонија и Економскиот факултет во Скопје.

Втората по ред Smart Up конференција ќе започне во 17:30ч и ќе трае до 20:30ч. Програмата на конференцијата ќе биде поделена во два дела, а официјално ќе биде отворена од  страна на американскиот амбасадор во Македонија, Н.Е. Пол Волерс и деканот на Економски факултет Скопје, проф. д-р Љубомир Дракулевски.

Во првиот дел, десет млади претприемачи кои беа дел од првата Start Up академија, во две минутна презентација, ќе ги претстават нивните бизнис модели на кои работеа во последниве 10 месеци.

Во вториот дел на конференцијата, присутните ќе имаат можност да ги слушнат успешните приказни, подемите и падовите со кои се соочиле г-дин Божидар Јанковски, сопственик на Diners Club International во Македонија, г-ѓа Елеонора Згоњанин, сопственик на штедилницата “Фулм” и д-р Стојан Дебарлиев, доцент на Економскиот факултет. Модератор на конференцијата ќе биде Ана Јовковска.

Учеството на оваа конференција се обезбедува со пополнување на апликацијата за Smart Up Conference vol. 2.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП