19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕболата ќе ја чини Африка 32 милијарди долари

Еболата ќе ја чини Африка 32 милијарди долари

ebolaafrika654545

Смртоносниот вирус ебола до крајот на 2015 година би можел да ги чини земјите од Западна Африка повеќе од 32 милијарди долари доколку официјалните лица не ја стават под контрола.

„Доколку напорите за спречување на ширењето на еболата во три западноафрикански држави , Либерија, Сиера Леоне и Гвинеја, не дадат резултати до декември, на целиот регион му се заканува економска катастрофа“, се наведува во извештајот на Светска банка, пренесува агенцијата Франс прес.

„Во поширок регионален контекст, економските последици можат да бидат ограничени ако националните и меѓународните акции успеат да го спречат ширењето на епидемијата. Доколку, сепак, епидемијата се прошири на соседните земји, заедничкиот двегодишен трошок може да достигне сума од 32,6 милијарди долари до крајот на 2015 година“, се додава во извештајот.

Епидемијата на ебола, која досега однесе 3.500 животи, веќе во голема мера ги нагриза економиите на трите западноафрикански земји, погодувајќи го нивното производство и потрошувачка.

Според најдоброто сценарио, односно ако еболата биде ставена под контрола до крајот на 2014 година, економските трошоци од епидемијата оваа година ќе изнесуваат 359 милиони долари за трите западноевропски земји и дополнителни 129 милиони долари во наредната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП