26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина стана најголемата економска сила во светот

Кина стана најголемата економска сила во светот

kina7

Заборавете ги САД. Кина само што ги престигна САД и стана најголемата економска сила во светот, судејќи според резултатите од анализата на ММФ.

Ова уште одамна го предвидуваа многу економисти како и консултантски куќи, но најбрзиот рок дека ова ќе се случи беше 2024 година.

„Во наредните 10 години кинеската економија ќе се пренасочи кон побрз раст на домашната потрошувачка, што ќе и помогне во зајакнувањето на нејзината структура“, говореа економистите и предвидуваа дека домашната потрошувачка во Kина во наредната деценија ќе расте со годишно темпо од 7,7 проценти, со што таа ќе стане главниот двигател на глобалната потрошувачка и економскиот раст.

ММФ до овие резултати дојде споредувајќи ја куповната моќ во многу земји. Исто така според „Big Mac Index“ кој го објавува британскиот „Economist“, врз основа на куповната моќ, Кина штотуку ги надмина САД и стана најголемата економијата на светот.

Вкупната потрошувачка на кинеските туристи минатата година достигна 129 милијарди долари, така што Кина стана најголемиот потрошувач и на глобалниот туристички пазар.

2122812296543515f73d56c036924868_640x336

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП