20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на невработеност во Швајцарија остана непроменета

Стапката на невработеност во Швајцарија остана непроменета

shvajcarijajm8fu38yhrg32

Стапката на невработеност во Швајцарија во септември остана непроменета во однос на претходниот месец и изнесува само 3,0 проценти од работоспособното население.

Без работа на Бирото за труд се вкупно 129.965 лица, односно за 1.531 повеќе во однос на август.

Во споредба со септември 2013 година, бројот на невработени е намален за 0,8 проценти или за 1.107 лица, прецизираше во соопштението Државниот секретаријат за економија.

Поради природниот прилив, бројот на млади на пазарот за труд (од 15 до 24 години) се зголемил во септември за 0,8 проценти, во однос на август, додека на годишно ниво е намален за 3,3 проценти.

Вкупниот број на регистрирани кандидати за работа, кој освен невработените ги вклучува и оние кои се привремено вработени или се на усовршување, во септември изнесувал 183.113 и е поголем за 3.233 во однос на август, но помал за 0,3 проценти во спореба со септември 2013 година.

Швајцарија има 8,1 милиони жители.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП