26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоради штрајкот на пилотите, Air France бележи загуби

Поради штрајкот на пилотите, Air France бележи загуби

France Pilots Strike

Двонеделниот штрајк на пилотите на „Air France-KLM“ предизвика пад во патничкиот сообраќај од 15,9%, во товарниот од 17,7%, a годишниот профит ќе се намали за околу 500 милиони евра.

Според проценките на менаџментот, оперативниот профит во третиот квартал поради овој конфликт ќе биде помал за 320 до 350 милиони евра во однос на истиот квартал од 2013-та, кога вредеше 634 милиони евра.

Финансискиот директор на компанијата, Пјер-Франсоа Риолачи, рече дека „Air France“ во текот на двете недели на штрајк заштеди на варијабилни трошоци, како што е горивото, или варијабилниот дел од заработката на вработените, но затоа имаше трошоци за смесувањето на патниците, компензација или купување на картите кај конкурентите за превземање на еден број на патници, кои не ги добиле по особено поволни тарифи.

Риолачи истакнува и дополнителен, секундарен ефект од штрајкот кој резултира со значително помал број на резервации за четвртиот квартал, од оној кој е вообичаен, па така, според проценките, бруто оперативниот профит (EBITDA) во 2014-та ќе биде помал за околу 500 милиони евра.

Пред штрајкот компанијата сметаше на „EBITDA“ во износ од 2.2 до 2.3 милијарди евра за тековната година, а сега тој износ е од 1.7 до 1.8 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП