28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако Русија ќе заштеди илјада милијарди рубљи

Како Русија ќе заштеди илјада милијарди рубљи

rusija1rus1

Министерството за финансии на Русија спроведе прераспределба на расходите и се откажа од трошењето на илјада милијарди рубљи (25 милијарди долари) во наредните три години.

„Ние за наредниот тригодишeн период, всушност, спроведовме прераспределба на трошоците и се откажавме од трошењето на илјада милијарди рубљи, дури и повеќе“, изјави министерот за финансии Антон Силуанов.

Русија се одлучи оваа година да се воздржи од надворешни заеми и да го намали обемот на пласман на државни обврзници на домашниот пазар поради напнатата економска ситуација, додаде тој.

Силуанов, исто така, изјави дека Министерството за финансии нема да го пополнува Резервниот фонд во 2014 година.

„Се зависи од ситуацијата, во која ќе го реализираме буџетот до крајот на годината. Ако ценовната конјуктура биде како сега, нема да постои можност за пополнување на Резервниот фонд“, објасни тој.

„Доколку ситуацијата се подобри, сите дополнителни приходи од нафтата и гасот ќе ги насочиме кон Резервниот фонд. Меѓутоа во услови на пад на цената на нафтата и влошување на надворешните услови, Фондот нема да се пополнува“, изјави Силуанов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП