
Агенцијата за регионален развој Југ од Косово, во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија, денеска во Тетово организира презентација на производи од Општина Драгаш, Косово.


Агенцијата за регионален развој Југ од Косово, во соработка со Стопанската комора на северозападна Македонија, денеска во Тетово организира презентација на производи од Општина Драгаш, Косово.
Компаниите и граѓаните ќе имаат можност да поразговараат со производителите од Драгаш и да дознаат повеќе за нивната традиција, храна и култура.
Делегацијата од Косово ќе има по тројца претставници од секторите пчеларство, шумски плодови,текстил и рачна изработка.