29 март, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМилан многу ги посакува играчите на кои им истекуваат договорите

Милан многу ги посакува играчите на кои им истекуваат договорите

sami 33

Милан често во последниве години зема играчи на кои им истекува договорот. Меѓутоа, ова би можел да биде преголем залак за нив.

Оваа сезона пристигнаа Алекс и Менез од ПСЖ, а во сегашниот тим како слободен играч пристигна Мексес, па Монтоливо и уште неколку фудбалери.

Сега е во прашање голем залак, затоа што Милан го посакува Сами Кедира.

Проблем се неговите услови, имено Германецот бара минимум осум милиони по сезона, што „росонерите“ тешко дека ќе му понудат во ситуација кога штедат на договорите.

Имено, најголемиот договор во моментов го има токму Мексес (4 милиони евра), но тој наредното лето ќе го напушти клубот, а Кака кој го имаше најголемиот договор со „росонерите“, си замина од Милано.

Сепак, треба да се почека, можеби работите ќе се променат, иако Кедира, кој не го продолжи договорот со Реал, реално е поблиску до Англија или дури до враќање во татковината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП