26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропската комисија започна истрага против Amazon

Европската комисија започна истрага против Amazon

mazon2

Европската комисија ќе започне официјална истрага над Луксембург и „Amazon“, беше објавено од страна на светските медиуми.

Причината за започнување на истрагата е обвинението дека оваа европска земја во последните десет години го фаворизирала „Amazon“, доделувајќи и на компанијата уште од 2003-та пакет со даночни олеснувања.

Во согласност со договорот меѓу „Amazon“ и властите во Луксембург, оваа компанија во текот на сите овие години плаќала вкупна стапка на данок на заработка внатре во Европската унија во износ од 1%.

Доколку се докаже дека Луксембург му помогнала на „Amazon“ нелегално да ги префрлува добивките меѓу сопствените подружници на начин да плати минимални даноци, Европската комисија би можела да бара до сите државни иницијативи кои „Amazon“ ги добил, да ги уплати назад во нивниот државен буџет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП