27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНови проблеми со iPhone 6 (видео)

Нови проблеми со iPhone 6 (видео)

ajfon kosa

На некои сопственици на „iPhone 6“ им преседна нивниот нов паметен телефон, но не треба да ја скубат косата од мака, затоа што тоа наместо нив го прави нивниот смартфон!

Имено, долгокосите сопственици на „шестката“ се пожалиле на друштвените мрежи дека додека телефонираат, влакната од косата редовно им се плеткаат во малиот процеп кој постои меѓу екранот и металното куќиште на телефонот. Единствен начин да го одвојат смартфонот од влакната е да ги искорнат.

Некои од нив пишуваат дека токму тоа била причината да го вратат новокупениот телефон во продавница, а се говори дека оваа вест пристигнала и до заедницата на љубители на производи на „Apple“, па веднаш овој проблем го нарекле „#hairgate“ – алудирајќи на „#bendgate“, аферата со свиткувањето на „iPhone 6 Plus“ во џебовите од панталоните.

Маките на долгокосите сопственици на „шестката“ веднаш ги препознаа и машките кои имаат бради, кои исто така јавно се пожалиле дека имаат лошо искуството со новиот телефон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП