27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗБош ја зголемува соработката со јапонците

Бош ја зголемува соработката со јапонците

bosh

Германската компанија, Роберт Бош има намера да ја прошири соработката со јапонските произведувачи на автомобили и да ги искористи нивните планови за зголемување на бројот на универзални делови во своите модели.

Јапонските производители, Тојота, Нисан и Хонда Мотор го следат примерот на германскиот конкурент, Фолксваген, кој одлучи да го зголеми својот удел на деловите во различни модели на автомобили.

Бош е главен снабдувач на Фолксваген, а универзалните делови овозможуваат добавувачите да произведат повеќе парчиња и да ја намалат нивната палета на делови.

Опремата на Бош се состои во делови за спречување на блокада на кочниците и електронска контрола на стабилноста. Минатата година, нивното работење со јапонските компании порасна за осум проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП