27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКомпаниите и невработените на прв саем за вработување

Компаниите и невработените на прв саем за вработување

zavod-za-vrabotuvanje-4999

Компаниите и лицата кои бараат работат во вторник ќе можат меѓусебно да се запознаат со активностите и условите за вработување.

Првиот саем за вработување ќе се одржи во салата „Борис Трајковски“, а до крајот на годината вакви саеми ќе се организираат во Неготино, Тетово, Штип, Охрид, Струмица, Куманово и Битола.

„Сите компании кои што ценат дека треба да ги презентираат своите потреби од кадар пред лица кои се баратели на работа да ги пријават своите апликации во Агенцијата за вработување на Република Македонија, да ја пополнат апликацијата која веќе постои на страницата на Агенцијата и да земат учество на овој саем“, изјави владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Пред лицата кои се баратели на работа, додаде, ќе може да ги истакнат нивните потреби од вработени, соодветниот профил на лица кои им се потребни, како и да стапат во комуникација со самите баратели на работа.

„Крајна истанца е да можат да засноваат еден подолгорочен однос во кој што ќе добијат вработени кои имаат соодветни знаења и ќе може да придонесат во нивниот работен процес и во остварување на поголема профитабилност“, рече Ѓорѓиев.

Тој појасни дека сите оние лица кои се баратели на работа, лица кои се невработени и лица кои имаат определено вработување и имаат амбиции да стекнат друга работна позиција, може да го посетат овој саем и да се запознаат со потребите кои ги имаат работодавачите, во поглед на определен профил на работник, но и да разменат информации со нив.

Ѓорѓиев посочи дека ќе бидат застапени поголем број активности. Планирани се обуки во поглед на аплицирање за добивање работа, истражување на можностите за вработување, изготвување лична биографија, но и презентации на позитивни искуства од млади луѓе кои стекнале работа во определена компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП