28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе го разгледа барањето за увоз на црвена пиперка

Владата ќе го разгледа барањето за увоз на црвена пиперка

SAM_0895

Барањето од преработувачите на овошје и зеленчук за увоз на црвена пиперка од соседните земји во следните денови ќе биде разгледано од владините комисии, а потоа став ќе заземе и Владата, информира денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.

Одговарајќи на новинарско прашање Ставрески рече дека барањето откако ќе биде разгледано од комисиите ќе биде ставено на седница на Владата и тогаш ќе се зазеде став.

Преработувачите на овошје и зеленчук бараат да се дозволат квоти за увоз на црвена пиперка од соседните земји, бидејќи останале без суровина поради намаленото производство од временските услови и продажбата на домашното овошје и зеленчук на пазарите на големо.

Според Асоцијацијата на преработувачи на овошје и зеленчук, поради немањето суровина капацитетите се недоволно искористени, а дел од договорените нарачки кон странство се откажани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП