24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСиндикатите ги предупредуваат лидерите на ЕУ

Синдикатите ги предупредуваат лидерите на ЕУ

wrong_wayhyytyy

Европските синдикалци им порачаа на лидерите на ЕУ во пресрет на вонредниот Самит за вработување во Милано хитно да ја променат насоката.

Синдикатите предупредуваат дека лидерите во спротивно ќе мора да се соочат со политичката и социјалната криза која ја предизвика хроничната невработеност.

„Катастрофалниот одговор на Европа на кризата – во вид на штедење – резултираше со социјална и политичка криза“, изјави генералната секретарка на Европската конфедерација на синдикатите, Барнадет Сегол, алудирајќи на се поголема популарност на десничарските и анти-европски ориентирани политички партии во Европа, пренесува агенцијата Франс прес.

„На Европа не и треба дополнително штедење, туку нови мерки“, изјави Сегол.

Утрешниот Самит во Милано се одржува по иницијатива на Италија, како одговор на шокантната состојба во повеќето земји во еврозоната во текот на летото. Со оглед дека невработеноста е на неверојатно високо ниво во сите земји-членки на ЕУ, отворањето на нови работни места е од клучно значење за сите влади во земјите-членки.

Покрај италијанскиот премиер Матео Ренци, на Самитот во Милано ќе присуствуваат и германската канцеларка Ангела Меркел, францускиот претседател Франсоа Оланд и досегашниот претседател на Европската Комисија, Жозе Мануел Баросо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП