29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМЕПСО подготвен за третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија

МЕПСО подготвен за третата фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија

ackoski

Операторот на пазарот со електрична енергија при АД МЕПСО, како одговорен за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, е комплетно подготвен за спроведување на третата фаза на либерализација на пазарот со електрична енергија што треба да почне на 1 јануари идната година.

Ова го истакна Кирил Ачкоски, директорот на Операторот на пазар на електрична енергија (ОПЕЕ), на работилницата за третата фаза од процесот на либерализација што се одржа денеска во Стопанска комора на Македонија, потенцирајќи дека веќе во МЕПСО се набавени современи софтверски алатки со кои се вршат пресметки за пренос за пазарна тарифа,….

„Во секојдневни разговори со останатите субјекти – снабдувачите, трговците, но и потрошувачите, како и со организирање на работилници како денешната вршиме едукација која ќе помогне за надминување на предизвиците за успешно спорведување на третата фаза од либерализацијата, Наш впечаток е дека се подготвени за либерализацијата. Снабдувачите се веќе неколку месеци излезени на терен, даваат понуди и веќе имаат склучено доста договори и имаат набавено електрична енергија. Затоа не гледаме некои пречки за успешно спроведување на овој трет пакет на либерализација на пазаорот на електрична енергија“, рече Ачкоски.

Тој прецизира дека од почетокот на идната година над 70.000 компании, претежно мали и средни фирми и институции кои досега електричната енергија ја плаќаа по регулирана тарифа, ќе можат да одберат свој снабдувач на електрична енергија.

„Новите учесници на пазарот, со оваа реформа што ја спроведуваме со целосна поддршка на Владата, ќе добијат можност да ги намалат своите трошоци за електрична енергија. На македонскиот пазар има седум снабдувачи со електрична енергија, а новите потрошувачи на либерализираниот пазар ќе можат да изберат еден од нив. Конкуренцијата меѓу снабдувачите треба да донесе пониски цени за потрошувачите, што во значајна мерка може да им ги намали трошоците во работењето и да ги направи поконкурентни во дејностите со кои се занимаваат“, потенцираше Ачкоски.

Според него, мора да се знае дека квалитетот на електрична енергија што ја купуваат потрошувачите не зависи од снабдувачите туку единствено од операторите на преносната и дистрибутивната мрежа.

„Тоа значи дека ако нивниот снабдувач од некои причини го изгуби правото и престане да ги снабдува неговите корисници нема да останат без електрична енергија, тие и понатаму ќе бидат непрекинато напојувани од снабдувачот во краен случај по регулирани цени како што беше и пред да изберат снабдувач на отворениот пазар“, појасни Ачкоски.

Според проценките на ОПЕЕ во третата фаза учеството на електрична енергија што се тргува по пазарни цени ќе порасне за 20 отсто и ќе надмине 60 отсто од целата потрошувачка на електрична енергија во земјава. Во претходната фаза од процесот на либерализација од април годинава, 238 компании излегоа на либерализираниот пазар на електрична енергија.

На денешната работлиница претставници на учесниците на пазарот на електрична енергија и енергетските компании можеа да ги кажат своите евентуални забелешки на постапките за либерализација на пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП