28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ4 главни причини за успешното работење на Burger King

4 главни причини за успешното работење на Burger King

bruger king 320

И додека „McDonalds“ се бори со падот во продажбата, главниот конкурент „Burger King“ привлекува се повеќе купувачи.

Поради тоа што акциите на „Burger King“ во последните неколку дена пораснаа за 56%, „Business Insider“ ги објави четирите главни причини поради тоа што на „Burger King“ му оди така добро:

1. „Tim Hortons“ има голем потенцијал за раст.

Откако „Burger King“ неодамна го купи канадскиот ланец за кафе и крофни „Tim Hortons“, аналитичарите веруваат дека „Hortons“ во следните три години ќе има повеќе од 600 канцеларии на интернационални локации. Покрај тоа, се очекува отворање на нови ресторани и во Америка.

2. Нова „start-up“ култура.

Во последно време „Burger King“ се повеќе се однесува како „start-up“ компанија, отколку типичен ланец за брза исхрана, тврди Девин Леонард од „Bloomberg Businessweek“. Откако компанијата ја превзема 33-годишниот Даниел Шварц, тој ја претвори во „фабрика за правење пари“.

Го направи поедноставно менито на „Burger King“, а ја олесни и франшизата со што го зголеми бројот на интернационални ресторани.

3. Работењето е поуспешно од било кога.

Шварц успеа да го намали корпоративниот број на вработени од 38.884 нa 2.425, a зa тоа е најзаслужно токум рефраншизирањето на рестораните, што значи дека за работниците сега се одговори сопствениците на франшизите. Со цел дополнително да ги намали трошоците, Шварц затвори и многу раскошни ресторани, а ја откажа и годишната прослава во Италија која вредеше милион долари.

4. Со намалување на цените ги привлекува купувачите.

„Burger King“ во понеделникот најави дека 10 пилешки „nuggets“ ќе се продаваат по цена од 1.49 долари. Покрај тоа, „Burger King“ одлучи наместо ризикот со нови работи да се држи до класичниот „fast food“ – на задоволство на купувачите, работниците и сопствениците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП