26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТимошенко: Да платиме, а не да молиме

Тимошенко: Да платиме, а не да молиме

F

Украина треба да и плати на Русија за испорачаниот гас како и сите останати земји, а не да и испраќа молба на Русија, изјави поранешната премиерка Јулија Тимошенко.

„Имаме навика, да молиме за нешто. Станете, кренете ја главата и платете, како и сите останати земји“, порача Тимошенко, која е кандидат за место во украинскиот парламент.

Договорот за снабдување со рускиот природен гас, Украина го потпиша во 2009 година, за кој Тимошенко наведе дека бил „стандарден рамковен договор“, кој го имаат сите европски земји.

„Ние сме (Украина) европска земји и не е правилно да просиме било што од Русија. Тоа е единствениот правилен и достоинствен начин за вистинска независност“, порака Тимошенко.

Итар Тас претходно наведе дека Русија, ЕУ и Украина го утврдиле новиот нацрт-пакет договори за подмирување на зголемениот долг на Украина за рускиот гас, а документот допрва треба да биде усогласен од страна на двете влади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП