26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДи Матео ќе го замени отпуштениот Келер

Ди Матео ќе го замени отпуштениот Келер

di mateo tr

Роберто ди Матео е новиот тренер на Шалке 04, објавија од клубот. Раководството гласаше за ослободувањето од обврските на Јенс Келер, кое влегува во сила веднаш.

„Шалке одлучи да се раздели со Јенс Келер. Неговото место ќе го заземе Роберто ди Матео“, објавија од клубот на „Твитер“.

Столицата на Келер почна да се ниша по слабиот старт на сезоната. Прво „рударите“ испаднаа од Купот на Германија, но ремито со Челзи во Лигата на Шампионите и победите над Вердер и Борусија Дортмунд, донесоа позитивна атмосфера.

Минатата недела, сепак следеше уште едно реми во Европа, овој пат со Марибор и пораз од Хофенхајм. По натпреварот од Бундеслигата во неделата, Келер имал средба со спортскиот директор Хорст Хелд, по која стана јасно дека ќе има промена на тренерската позиција.

Ди Матео влезе во срцата на навивачите на Челзи, откако во 2012-та го доведе тимот до првата титула во Лигата на Шампионите. При тоа, триумфот во финалето го оствари над Баерн Минхен во сопствениот дом „Алијанц Арена“ (1: 1 во регуларното време и 4: 3 по изведувањето на пеналите).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП