28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP дели 55.000 откази

HP дели 55.000 откази

hp linux

Американската информатичка компанија „Hewlett-Packard – HP“ го зголеми за пет до десет илјади бројот на работни мста кои планира да ги угаси.

Вкупниот број на вработени ќе се намали за околу 55 илјади во однос на 2012 година, кога компанијата започна со ваквите намалувања.

Во соопштението се прецизира дека од тој број (55 илјади) на крајот на јули оваа година компанијата веќе ја напуштиле 36 илјади луѓе.

При соопштувањето на последните квартални резултати, во август, најавено е гасењето на 45 до 50 илјади работни места.

„HP“ редукцијата на бројот на вработени ја започна во 2012 година и оттогаш веќе неколку пати го зголеми планираниот број на откази.

Најновиот план за намалување на работната сила не е поврзан со најавената поделба на компанијата на две посебни единици.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП