24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеморандум за соработка во воздухопловството помеѓу Македонија и Молдавија

Меморандум за соработка во воздухопловството помеѓу Македонија и Молдавија

civilno

Македонија и Молдавија ќе ја зајакнуваат соработката во воздухопловството, предвидува Меморандумот за разбирање што го потпишаа денеска во Париз директорите на македонската Агенција за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски и на молдавската Цивилно воздухопловна власт Лурие Армаш.

Според АЦВ, со потпишувањето на Меморандумот за разбирање двете воздухопловни власти ја продлабочуваат соработката при користењето на ресурсите во однос на стручен персонал, експертиза во одредени аспекти на цивилното воздухопловство и документацијата.

Меморандум ги покрива и областите во делот на безбедноста и сигурноста на воздушниот сообраќај, програмите за обука, испити и лиценцирање, операции поврзани со летање и аеродроми, пловидбеност и регистар, потрага и спасување како и сегментите поврзани со националните надзорни власти и службите за воздушна навигација, се вели во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП