26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на индустриските нарачки во Германија

Пад на индустриските нарачки во Германија

germanijadanoci1

Индустриските нарачки во Германија, кои се клучен индикатор за побарувачката на германската стока како на домашниот пазар така и во странство, се значително намалени во август.

Обемот на индустриските нарачки во Германија во август е намален за 5,7 проценти во однос на јулскиот раст на нарачките од 4,9 проценти поради големиот пад на нарачките надвор од еврозоната, се наведува во соопштението на германската канцеларија за статистика Дестатис, пренеусва агенцијата Франс прес.

Нивото на домашните нарачки е намелно за два проценти, додека обемот на извозните нарачки е намален за дури 8,4 проценти во однос на јули. Нарачките во внатрешноста на еврозоната се намалени за 5,7 проценти, додека нарачките надвор од еврозоанта се намалени за 9,9 проценти, се вели во соопштението на Дестатис.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП