29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПретставен предлог-буџетот на Грција за 2015 година

Претставен предлог-буџетот на Грција за 2015 година

grcijavremepari514s4a65er

Грција годинава ќе пријави примерен буџетски суфицит од две проценти, што е повеќе од целта од 1,5 отсто од БДП што беше поставена во рамките на договорот за финансиска помош со ЕУ и ММФ, стои во предлог-буџетот на Грција за следната година, кој денеска беше поднесен во Парламентот, јави дописникот на МИА од Атина.

Атина, исто така, предвидува нејзината економија да излезе од шестгодишната рецесија и годинава ќе има раст од 0,6 проценти, во согласност со претходните предвидувања.

Предлог-буџетот исто така предвидува примарниот буџетски суфицит на Грција за следната година да изнесува 2,9 отсто од БДП, само малку под целта од три проценти која е поставена во договорот за кредитот во износ од 240 милијарди долари.

Според документот, темпото на економскиот раст исто така ќе изнесува 2,9 проценти, а државниот долг ќе се намали до 168 отсто од БДП, од 175 проценти колку што изнесува годинава.

Во однос на невработеноста, во 2015 година се очекува да падне на 22,5 проценти од 24,5 колку што достигна годинава.

Буџетските проценки за 2015 година предвидуваат и намалување на солидарниот данок за 30 отсто, а исто толку проценти ќе се намали и данокот на нафтата за греење.

Предлог-буџетот на Грција за 2015 година не вклучува нови мерки за штедење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП