26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДизел гориво од пластика произведено на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје

Дизел гориво од пластика произведено на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје

don

Дизел гориво од пластика е произведено на Институтот за хемиско и контролно инженерство на Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје, со примена на опрема донирана од ОКТА. Ова е еден од повеќето проекти изведени од лабораторијата на факултетот и вклучува експериментално производство на дизел горива од рециклирана пластика. Лабораторијата на факултетот веќе користи специјализирана опрема донирана од ОКТА, која неодамна беше значително подобрена со последната донација од компанијата.

„Ова е многу важна истражувачка работа поврзана со производството и тестирањето на енергетски продукти кои можат да направат разлика во иднина. Дополнително на ова, во ОКТА сме многу среќни поради фактот дека нашата компанија му помага на процесот на обука и развивање на нови инженери”, изјави Виктор Папаконстантину, Главен извршен директор на ОКТА.

 donac

Овој експеримент ќе овозможи податоци за перспективната употреба на пластичен отпад во производство на гориво. Доколку е успешен, понатаму ќе може да биде развиен во проект со видливи резултати во блиска иднина.

„Оваа соработка на ОКТА и Технолошко – металуршкиот факултет ќе придонесе во развивањето на нови технологии во производството на горива од алтернативни извори на енергија. На Институтот за Хемиско и контролно инженерство  последните десетина години интензивно се работи на добивање и карактеризација на биогорива од обновливи извори на енергија а од минатата година и добивање на горива од отпадна пластика и гума. Со ова ќе се понудат решенија за еколошките проблеми поврзани со цврстиот опасен отпад преку негова валоризација во високо квалитетно гориво”, изјави проф. Д-р Славчо Алексовски од Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје.

 donacija

Континуираната соработка меѓу ОКТА и Технолошко – металуршкиот факултет во Скопје веќе има донесено значителни резултати и се очекува да продолжи во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП